Уште една реакција внатре од Германија на усвоената резолуција во Бундестагот

Во текстот на познатото германско списание „Стерн“ напишан од страна на новинарот Ханс-Улрих Јергес беше упатена остра реакција на усвоената резолуција во германскиот Парламент, Бундестагот во врска со настаните од 1915 година

504471
Уште една реакција внатре од Германија на усвоената резолуција во Бундестагот

Усвојувањето на резолуцијата во врска со ерменските тврдења во германскиот Парламент, Бундестагот за настаните од 1915 година, го зачувува своето место на дневниот ред.

На оваа резолуција освен од Турција продолжуваат да пристигнуваат реакции и внатре од Германија.

Едната од тие реакции пристигна и од познатото германско списание „Стерн“.

Во текстот напишан од страна на познатиот германски новинар Ханс-Улрих Јергес беше упатена остра реакција на усвоената резолуција во германскиот Парламент, Бундестагот.

Јергес вели: „Во нашето минато постои мошне голем масакр. Ние го признаваме тоа. Меѓутоа не би требало да донесуваме одлука во врска со минатото на другите народи.“

Во текстот се истакнува дека оваа одлука ќе влијае негативно на односите на Турција со Германија и Ерменија.

Авторот на текстот Ханс-Улрих Јергес во својот текст го напиша и следното: „Заедно со оваа одлука се појави и состојба која што би можела да им нанесе мошне големи штети на турско-германските односи. Оние кои ја донесоа оваа одлука тврдат дека ќе дојде до одредено зближување во односите помеѓу Турците и Ерменците. Меѓутоа ќе дојде до токму спротивното, односите помеѓу двете земји ќе бидат вовлечени уште во поголем безизлез.“



Слични вести