Судири помеѓу демонстрантите и полицијата за време на антирасистички демонстрации во Париз

Членовите на здруженијата за борба против расизмот вчера во вечерните часови организираа демонстрации во чест на Клемент Мерик кој пред 3 години беше претепан до смрт од страна на екстремните десничари „скинхедси“

504511
Судири помеѓу демонстрантите и полицијата за време на антирасистички демонстрации во Париз

За време на антирасистичките демонстрации во францускиот главен град Париз дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Членовите на здруженијата за борба против расизмот вчера во вечерните часови организираа демонстрации во чест на Клемент Мерик кој пред 3 години беше претепан до смрт од страна на екстремните десничари „скинхедси“.

Откако учесниците на демонстрациите излегоа надвор од означената маршрута од страна на губернијата уследи интервенцијата на француската полиција која на демонстрантите кои фрлаа со камења и шишиња одговорија со водени топови и солзавец.

За време на демонстрациите беа превртени неколку возила од кои едно во сопственост на локалната самоуправа на Париз.

Демонстрантите оштетија голем број семафори, а ги скршија и стаклата на некои работни места. 

Според објавеното соопштение од француското министерство за внатрешни работи за време на демонстрациите биле притворени 4 лица. 



Слични вести