Протестни маршеви на неонацистите и антинацистичките групи во Дортмунд

Во германскиот град Дортмунд одржаа протести и неонацистите и антинацистичките групи

504334
Протестни маршеви на неонацистите и антинацистичките групи во Дортмунд

5 илјади лица во германскиот град Дортмунд протестираа против маршот на кој учествуваа 900 неонацисти.

Неонацистите во знак на протест против мигрантската политика на германската Влада одржаа протестен марш.

Неонацистите носеа транспаренти на кои пишуваше „Сопрете го бранот од бегалци“ и „Идниот ден на Германија“ при што побараа од Владата да ја промени својата политика по прашањето на мигрантите. 

На протестниот марш приближно 300 неонацисти носеа ленти со црвена, црна и бела боја, кои инаку се бои на нацистите.

На протестите пак кои беа одржани во Дортмунд против неонацистите учествуваа прииближно 5 илјади лица.

Учесниците на антинацистичките протести извикуваа слогани „Надвор неонацисти.“

Градоначалникот на Дортмунд Улрих Сиерау истакна дека луѓето во Дортмунд живеат во солидарност и отворени кон светот и дека екстремните дестичари и припаѓаат на депонијата на историјата.

За да не би дошле едни наспроти други екстремните десничари и левичарските групи заедно и со испратените дополнителни полициски сили беа ангажирани приближно 5 илјади полицајци.

Антинацистичките групи повремено се обидоа да ги блокираат патиштата по кои требаше да поминат неонацистите.

Поради интервенцијата на германската полиција повремено дојде и до судири меѓу левичарските групи и безбедносните сили.

За време на немирите поради шишиња кои беа фрлани од страна на учесниците на протестите беа повредени тројца полицајци.



Слични вести