Асадовиот режим и Русија повторно ги бомбардираа цивилите во Алепо

Хеликоптери на Асадовиот режим и воени авиони на Русија ги бомбардираа цивилните населени места во градот Алепо под контрола на опозиционерите при што во нападите загинаа 18 цивили, а 50 лица беа ранети

504521
Асадовиот режим и Русија повторно ги бомбардираа цивилите во Алепо

Во реализирани воздушни напади со вакум и барел бомби од страна на силите на Асадовиот режим и на Русија во градот Алепо на областите под контрола на противниците на режимот загинаа 18 цивили, а 50 лица беа ранети.

Руски воени авиони и хеликоптери на сирискиот режим во градот Алепо врз населените места Кастилло, Џиср Хаџ,Бадијин и Мујесир кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите реализираа напади со вакум и барел бомби.

Поради жестоките напади екипите за цивилна одбрана се соочуваат со тешкотии да пристигнат во областите подложени на напади.

Надлежни упатуваат повик до меѓународната јавност за стопирање на нападите врз градот и за вршење притисок врз сирискиот режим.



Слични вести