Апел за пружање хуманитарна помош на Сирија

Советот за безбедност на ОН расправа зад затворена седница за успраќање хуманитарна помош на над 500 000 лица кои живеат во градовите под опсада во Сирија

503917
Апел за пружање хуманитарна помош на Сирија

 

...Советот за безбедност на ОН расправа зад затворена седница за успраќање хуманитарна помош на над 500 000 лица кои живеат во градовите под опсада во Сирија.

На состанокот краток брифинг посветен на темата поднесле Стефан Обрајен заменик Генерален секретар на ОН задолжен за хуманитарна помош и координатор за катастрофални појави и Стефан де Мистура специјалниот претставник на ОН за Сирија.

Обрајен рекол дека ќе контактираат со сириските власти за добивање дозвола за испраќање хуманитарна помош од воздух во подрачјата во Сирија каде испраќањето помош од воздух е неизводливо.

Се уште не е познато за кои подрачја во Сирија станува збор.

Портпаролот на американскиот секретаријат за надворешни работи Марк Тонер на редовна конференција за печатот изјави дека најдобар начин за испраќање на хуманитарна помош во сирија е преку копно и дека се водат напори за да се реализира тоа.

Од друга страна Франсоа Делатре постојан претставник на Франција во Советот за безбедност на ОН пред седницата на Советот изјави за новинарите дека сирискиот режим и понатаму продолжува со убивање на сопствените граѓани без да полага сметка за тоа .Делатре додаде дека Сирија само мачка очи со тоа што вели дека ќе издаде дозвола за испраќање хуманитарна помош на дел од градовите под опсада.

Во меѓувреме се огласи и Организацијата за исламска соработка која повика на примирје во Сирија за време на Рамазан. Ејад емин Медени генерален секретар на Организацијата за исламска соработка изјави дека сите регионални и меѓународни активни сили треба да се здружат и да одговорат потврдно на апелот за прекин на огнот во Сирија за Рамазан



Слични вести