Штрајкот на контролорите во Франција доведе до откажување на голем број летови

Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај во Франција доведе до откажување на голем број летови

503027
Штрајкот на контролорите во Франција доведе до откажување на голем број летови

Поради штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај во Франција се откажани голем број летови во Европа кои што требаше да се реализираат од аеродромите во Англија.

Како што беше истакнато биле откажани 40 летови кои требало да се реализираат од аеродромот Хитроу и 28 летови од аеродромот Гетвик во Лондон.

Штрајковите влијаеле негативно и на некои летови кои биле испланирани од аеродромите во градовите Бирмингем и Глазгов.

Исто така авиокомпанијата Рајнеир соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле откажани вкупно 75 европски летови од кои 12 од аеродромите во Англија. 

Авиокомпанијата Еизиџет пак соопшти дека биле откажани 32 европски летови од кои 20 од аеродромите во Англија.



Слични вести