Нови мерки за безбедност пред Европскиот шампионат во фудбал во Париз

Шефот на париската полиција Мишел Кадо побарал од министерот Казанов да се постават огради меѓу навивачите на спротивните страни на стадионите на кои ќе се играат натпреварите во рамките на Европскиот шампионат во фудбал

503361
Нови мерки за безбедност пред Европскиот шампионат во фудбал во Париз

Нови мерки за безбедност пред Европскиот шампионат во фудбал во Париз

Шефот на париската полиција Мишел Кадо , испратил писмо до министерот за внатрешни работи на земјата Казанов со барање да се постават огради меѓу навивачите на спротивните страни на стадионите на кои ќе се играат натпреварите во рамките на Европскиот шампионат во фудбал што ќе трае од 10 јуни до 10 јули во Франција. Кадо исто така побарал да се забрани пристапот на просторот околу Ајфеловата кула во деновите кога натпреварите ќе се играат во главниот град Париз.

Веста ја објави спортскиот неделник Ле Пуан кој додава дека Кадо предупредил дека полицијата во Париз покажува знаци на замор и дека не ќе може да гарантира за безбедноста во деновите на фудбалскиот шампионат во можни кавги меѓу навивачите и евентуални терористички напади.

Кадо во писмото додава дека работата на полицијата ќе биде уште потешка бидејќи точењето на алкохол за време на шампионатот ќе биде дозволено.



Слични вести