Во ракетен напад на сирискиот режим во Алепо загинаа 5 цивили

Сирискиот режим реализира ракетен напад на населено место во Алепо во кој животот го загубија 5 цивили, а 7 лица беа повредени

503020
Во ракетен напад на сирискиот режим во Алепо загинаа 5 цивили

Во нападот рерализиран од страна на силите на режимот во Сирија на квартот Амирије под контрола на опозиционерите во градот Алепо со ракета наречена „Фил“ животот го загубија 5 цивили, а 7 лица беа повредени.

Во нападот беше причинета штета во голем број населени места.

Силите лојални на властите во Дамаск најпрвин реализираа напади на пазари, чаршии, автобуски станици и фурни во градот Алепо со ракети Скуд, а потоа и со касетни и вакум бомби, додека извесно време реализира напади со барел бомби, ракети по име Слон, ТНТ експлозив и бомби.



Слични вести