Продолжува тревогата во Франција поради силните врнежи од дожд

Метеоролошките служби соопштија дека нивото на тревогата во подрачјето Луаре каде што бепе прогласена црвена тревога е сведено на портокалова

502980
Продолжува тревогата во Франција поради силните врнежи од дожд

Продолжува црвената тревога во округот Сен-ет-Марне во Франција која што е воведена поради силните врнежи од дожд кои што продолжуваат уште од крајот на минатата недела.

Метеоролошките служби соопштија дека нивото на тревогата во подрачјето Луаре каде што бепе прогласена црвена тревога е сведено на портокалова.

Надлежни истакнуваат дека се очекуваат поројни врнежи во северните области на Франција и предупредија од опасност за поплави ноќе.

Електродистрибуцијата истакна дека не можело да им се доставува електрична струја на над 20 илјади семејства од кои повеќето во округот Сен-ет-Марне и во Луаре.

Противпожарните екипи од неделата досега интервенираа на повеќе од 10 илјади случаи на дефекти, а воедно повеќе од 5 илјади лица беа евакуирани од областите загрозени од поплави.

Освен тоа поради силните врнежи од дожд во Париз кои што продолжија во текот на оваа недела продлжува да се покачува нивото на водата во реката Сена. 

Надлежни истакнуваат дека изутринава нивото на водата во реката достигнало до 5 метри.



Слични вести