„САД ќе продолжат да соработуваат со Турција во борбата против терористичката ДЕАШ“

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека неговата земја исто како и со сите сојузнички земји ќе продолжи да соработува и со Турција во борбата против терористичката организација ДЕАШ

501619
„САД ќе продолжат да соработуваат со Турција во борбата против терористичката ДЕАШ“

САД истакнаа дека исто како и со сите сојузнички земји ќе продолжи соработката и со Турција во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на редовната дневна конференција за претставниците на печатот направи проценка на едно поставено новинарско прашање во однос на неодамнешната изјава на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу околу тоа дека целта на ПЈД е да заземе колку што е можно поголема територија во Сирија и да ја распарчи оваа земја, дека Турција им ги достави овие предупредувања на САД, дека Турција и САД како земји кои имаат свои специјални сили треба да делуваат заедно, но дека и Русија и САД оваа терористичка организација ја сметаат за свој партнер и ја поддржуваат и дека реакцијата на Турција е на ова.“ 

Привлекувајќи внимание дека Турција е значаен партнер во регионот и силен сојузник во НАТО, Кирби рече: „ исто како и со сите сојузнички земји ќе продолжи соработката и со Турција во борбата против ДЕАШ. Имаме силна врска со Турција. ДЕАШ претставува закана за нивните граници и вистински проблем за нив. Ние сме задоволни од борбата што ја водат против ДЕАШ.“

Портпаролот Џон Кирби истакна дека САД се во блиска врска со Турција по прашањето на борбата против ДЕАШ во Сирија, но дека ќе продолжат да ги поддржуваат Сириските демократски сили, а исто така подвлече дека овие сили не се состојат само од Курди, туку се составени од различни групи. 

Во врска со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој истакна дека „Турција треба да ги повлече своите војници од Ирак“, портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби рече: „Ние мислиме дека овој проблем треба да се реши помеѓу Турција и Ирак.“

На едно поставено новинарско прашање во врска со бомбардирањето од страна на руските џетови на болниците Ел-Ватани и Ибн-и Сина во градот Идлиб во Сирија пак, Кирби истакна дека овој случај треба да се обелодени во соработка меѓу САД и Русија.  

Портпаролот Џон Кирби сликаните фотографии во Идлиб ги окарактеризира како „вознемирувачки“ и рече: „Секако дека убивањето на цивилите претставува прекршување на постигнатиот договор за прекин на судирите.“



Слични вести