САД ги предупредија своите граѓани за можни терористички напади во Европа

Американскиот државен секретаријат во објавеното писмено соопштение преку својата интернет страница ги предупреди своите граѓани кои летово ќе патуваат во Европа за можни терористички напади

502244
САД ги предупредија своите граѓани за можни терористички напади во Европа

САД ги предупредија своите граѓани кои летово ќе патуваат во Европа и внатре во европските земји за можни терористички напади.

Американскиот државен секретаријат во објавеното писмено соопштение преку својата интернет страница под името „Предупредување за патување во Европа“ ги предупреди своите граѓани за можни терористички напади низ Европа и истакна дека треба да се внимава поготово за време на големи организации, ресторани, во средствата за јавен превоз, купопродажните центри и туристичките места.

Во соопштението се вели дека ова предупредување истекува на 31 август 2016 година и се истакнува следното: „Во летните месеци во Европа ќе бидат цел на планирачите на терористички напади местата кои се посетуваат од страна на туристите и особено големите организации.“

Во соопштението се потсетува дека од 10 јуни до 10 јули во Франција ќе се одржи Европското фудбалско првенство и се истакнува дека овие видови организации претставуваат „можна цел“ за оние кои мислат да реализираат терористички напад.

Освен тоа во соопштението се потсетува дека поради организирањето на Европското фудбалско првенство и велосипедската трка „Тур де Франс“ која ќе се вози од 26 до 31 јули Франција вонредната состојба во земјата ја продолжи до 26 јули. 

Во продолжението на соопштението се истакнува дека за „Светскиот ден на младите на католичката црква“ што ќе се одржи од 26 до 31 јули во Полска пак во посета на оваа земја ќе заминат 2,5 милиони лица поради што се вели дека американските граѓани треба да бидат внимателни.



Слични вести