Критики на нацрт-законот за настаните од 1915 година и внатре од Германија

На нацрт-законот во врска со настаните од 1915 година кој ќе биде поставен на гласање утре во германскиот Парламент, Бундестагот пристигнаа критики и од страна на поранешниот одговорен функционер за човекови права на германската Влада Маркус Лонинг

501905
Критики на нацрт-законот за настаните од 1915 година и внатре од Германија

Поранешниот одговорен функционер за човекови права на германската Влада Маркус Лонинг го критикуваше нацрт-законот за настаните од 1915 година кој ќе биде поставен на гласање утре во германскиот Парламент, Бундестагот.

Маркус Лонинг во интервју за германскиот весник „Тагесшпигел“ истакна дека треба да се интензивира на итни проблеми и не треба да се влошуваат односите со Турција.

Лонинг напомена дека нацрт-законот во врска со настаните од 1915 година го оценува за дискутабилен и од аспект на содржината. 

Велејќи дека Турција е партнер без кој што се не може во решавањето и на мигрантската криза и на судирите во Сирија, Лонинг додаде дека нацрт-законот за кој станува збор нема да помогне во надминувањето на овие наведени значајни политички проблеми.



Слични вести