За една недела во Средоземното море потонаа 3 чамци и се удавија 880 мигранти

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека бројот на загинатите при потонување на три чамци за една недела во водите на Средоземното Море се зголеми на 880 мигранти

501456
За една недела во Средоземното море потонаа 3 чамци и се удавија 880 мигранти

Бројот на загинатите при потонување на три чамци за една недела во каналот кај Сицилија помеѓу Либија и Италија едната од најчесто употребуваните рути при бегство од Африка во Европа се зголеми на 880 лица.

Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) Вилијам Спиндлер на одржаната конференција за претставниците на печатот во канцеларијата на ОН во Женева истакна дека според добиени информации од мигрантите кои се спасиле од несреќата бројот на загинатите при потонување на три чамци за една недела во водите на Средоземното Море се зголеми на 880 мигранти.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) претходно соопшти дека од среда минатата недела досега при потонување на три чамци животот го загубија најмалку 700 мигранти.

Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во првите 5 месеци од 2016 година Средоземното Море го преминаа приближно 204 илјади лица кои уеспеаја да пристигнат во Европа, додека 2.510 лица го загубија животот во морето.

Три четвртини од 204 илјади мигранти пред потпишаниот договор во март меѓу Турција и ЕУ од Турција преминаа на грчките острови, додека 46.714 лица кои отпловија од Либија пристигнаа во Италија.



Слични вести