Продолжуваат штрајковите и протестите во Франција

Во штрајковите кои што продолжуваат неколку недели од денеска учествуваат и железничките работници

501058
Продолжуваат штрајковите и протестите во Франција
fransa yasa protesto.jpg
fransa polis.jpg
fransa polis şiddeti.jpg
fransa polis şiddeti.jpg
fransa polis şiddeti.jpg

Додека поради протестите против новиот закон за работни односи во Франција се доживува недостаток од гориво земјата се соочува и со нов бран штрајкови.

Во штрајковите кои што продолжуваат неколку недели од денеска учествуваат и железничките работници.

Поради недостатокот од гориво кој што започна со штрајкот на вработените во рафинериите почнаа да се појавуваат проблеми и во возовите со кои Французите кои се обидуваат да одат на работа.

Исто така и во објавеното соопштение од страна на Националниот синдикат на пилотите во Франција се истакнува дека било гласано за неограничен штрајк во секторот на воздухопловство во идниот месец.

Не беше соопштено кога точно ќе започне штрајкот.

Во Франција каде што во моментов поради штрајковите се доживува недостаток од гориво ќе дојде до застој во значителна мера и во воздушниот и во железничкиот сообраќај.

Работниците кои работат во терминалот за нафта Ле Хавр кој се наоѓа во северниот дел на земјата и ги задоволува потребите од енергија на Париз одлучија да го продолжат штрајкот и оваа недела.

Штрајковите предводени од Генералната конфедерација на трудот (CGT) која е едната од најголемите синдикати на Франција е поддржана и од синдикатот „Работничка сила“ (FO) .

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак истакнува дека и покрај штрајковите нема да се направи отстапка од реформата за новиот закон за работни односи.

Како што се вели туристите кои ќе допатуваат во Франција за Европското фудбалско првенство кое ќе започне на 10 јуни интензивно ќе бидат подложени на бранот на штрајкови во земјата.

Во меѓувреме постои алармна состојба и во туризмот во Франција.

Терористичките напади во ноември и штрајковите и протестите кои што се одржуваат во последните денови во значајна мера влијаат и на туризмот поготово во главниот град Париз.

Според извештајот на Регионалниот комитет за туризам процентот на исполнетост во хотелите во Париз во првите 3 месеци од 2016 година во споредба со првите 3 месеци од минатата година е намелен за 7,7-отсто.

Експерти велат дека 18,8-отсто од процентот на вработеност во Париз е поврзан со туристичкиот сектор и дека 13-отсто од буџетот на градот се обезбедуваат од приходите од туризмот.



Слични вести