НАТО го зголемува своето воено присуство во Полска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Варшава се состана со полскиот претседател Андржеј Дуда

500730
НАТО го зголемува своето воено присуство во Полска

НАТО го зголемува своето воено присуство во Полска...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Варшава се состана со полскиот претседател Андржеј Дуда.

По средбата Столтенберг истакна дека по претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи на 8 и 9 јули во главниот град на Полска, Варшава организацијата ќе ја зголеми својата одбранбена сила и сила на одвраќање во регионот.

„По самитот во Варшава со цел да се покаже оти било каков евентуален напад против Полска ќе се смета за напад врз НАТО во Полска ќе има поголем број на НАТО единици.“ - рече Столтенберг.

Јенс Столтенберг истакна дека во Полска, Балтичките земји и други земји во регионот ќе бидат распоредени нови војници на НАТО.

Велејќи дека засега се уште не е точно одлучено колку ќе изнесува бројот на војници кои ќе бидат испратени во регионот, Столтенберг рече дека во регионот ротационо ќе бидат распоредени воени единици од различни земји.

Кон силите на НАТО во регионот кои ќе бидат зајакнети ќе биде приклучена и оклопна единица на САД.



Слични вести