Лариџани реизбран за привремен претседател на иранскиот Парламент

Умерениот конзервативец Али Лариџан кој беше реизбран за привремен претседател на иранскиот Парламент ги доби гласовите на 173 од вкупно 281 пратеник колку што учествуваа на гласањето

500213
Лариџани реизбран за привремен претседател на иранскиот Парламент

На изборите за избор на привремен претседател на 10-от состав на иранскиот Парламент победи актуелниот претседател Али Лариџани кој е познат по блискоста со умерените конзервативци.

Али Лариџан кој беше реизбран за привремен претседател на иранскиот Парламент ги доби гласовите на 173 од вкупно 281 пратеник колку што учествуваа на гласањето.

Противникот на Лариџани реформистичкиот лидер Мухаммед Риза Ариф доби 103 гласа, а 5 гласа беа неважечки.

По распределувањето на надлежностите на пратениците ќе биде избран и новиот постојан претседател на иранскиот Парламент.

Со сигурност се гледа дека и на овие избори кои ќе се одржат по две недели повторно ќе победи Али Лариџани.

Постојаниот претседател на иранскиот Парламент се избира со мандат од една година.



Слични вести