Надминувањето на економската стагнација и рецесија е приоритетно прашања на земјата

За постигнување на оваа цел има потреба од дополнителен влез на странски капитал во износ од 30 до 50 милијарди долари годишно

499759
Надминувањето на економската стагнација и рецесија е приоритетно прашања на земјата

Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека надминувањето на економската стагнација и рецесија се наоѓа меѓу приоритетните прашања на земјата.

Во говорот на првата седница на 10-от период на Собранието, Рохани рече дека се принудени да ја постигнат целта од 8 отсто економски раст на програмата „Економија на отпор“ која инструкција беше издадена од страна на верскиот лидер Али Хамнеј и подвлече дека постигнувањето на оваа цел не може да се оствари само со приходите од нафта.

Рохани рече дека за постигнување на оваа цел има потреба од дополнителен влез на странски капитал во износ од 30 до 50 милијарди долари годишно.

70 до 80 отсто од приходите на Иран се состојат од нафта, рече претседателот Рохани и додаде дека како последица на падот на цената на нафтата и санкциите на кои беше изложена земјата, Иран бара решение за излез од економската криза.

Рохани кој е познат со блискоста кон реформистите и умерени опозиционери, на влезот на странскиот капитал во земјата смета како на еден од предусловите за излез на земјата од економската криза, додека опозиционерите се противат на тоа биејќи сметаат дека ќе предизвика закана за режимот.



Слични вести