Европската комисија го прифати наводниот извештај на терористичката организација

Белгија даде дозвола на терористичката организација ПКК да одржи протести

499036
Европската комисија го прифати наводниот извештај на терористичката организација

Уште еден чекор на ЕУ кој го оправда обвинувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за дволичност во борбата против тероризмот.

Додека Белгија даде дозвола на терористичката организација ПКК да одржи протести, Европската комисија го прифати наводниот извештај на терористичката организација.

Терористичката организација ПКК со дозволата што ја доби од раководството на Белгија, одржа протести пред управните згради на ЕУ и плоштадот Шуман во Брисел.

Група од околу 60 приврзаници на терористичката организација во рацете носеа обележја и постерот на челникот на терористичката организација ПКК и нејзиното продолжение ПЈД во Сирија како и военото крило ЈПГ.

По извикувањето слогани, тројца од приврзаниците на терористичката организација ПКК заминаа во канцеларијата на Високата претставничка за надворешни односи и политика на ЕУ, Федерика Могерини и и го поднесоа наводниот извештај за операциите против тероризмот кои продолжуваат во Турција.

Претставничката на ЕУ одржа краток разговор со поддржувачите на терористичката организација и го прифати наводниот извештај.



Слични вести