Фотографија за валканата соработка меѓу ДЕАШ со една друга терористичка организација

На фотографијата можат да се видат американските војници заедно со терористите

498920
Фотографија за валканата соработка меѓу ДЕАШ со една друга терористичка организација

Откриена фотографија за валканата соработка меѓу терористичката организација ДЕАШ со една друга терористичка организација за враќање на контролата над градот Рака.

Агенциите ги фотографираа американските војници кои учествуваа во операцијата и кои носеа облека и амблем на фракцијата ПЈД/ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија.

На фотографијата можат да се видат американските војници заедно со терористите.

Американскиот државен секретаријат за одбрана (Пентагон) во врска со фотографијата соопшти дека тоа може да претставува еден вид мерка на специјалците за самозаштита, но не беше разбрано како американските војници имале потреба од безбедноста која ќе ја обезбедат терористите.

Портпаролот на Пентагон Питер Кук на прес конференцијата што ја одржа на прашањето во врска со операцијата на Рака за преземање на контролата над градот, рече дека нема да коментира ништо.

Кук потенцираше дека поради безбедноста на операциите не ќе можат да ги изнесат позициите на кои се наоѓаат американските војници и додаде дека една од задачите на американските војници е да пружат советодавни услуги и помош на силите кои војуваат против ДЕАШ. Војниците, поддршката ја пружаат со цел да ги развијат вештините и способностите на овие сили. Нашите војници не се наоѓаат во првите борбени редови, немаат предводничка улога во војната.

На настојчивите прашања на новинарите, Кук одговори дека и во минатото специјалците ги носеа симболите и идентифичните знаци на некои партнери.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент  Марк Тонер во врска со фотографиите рече дека коментар можат да објават претставниците на министерството за одбрана.

Тонер рече дека уште пред неколку недели најавивме дека силите за специјални операции во рамките на војната во Сирија, со цел да им помогнат на Сириските демократски сили и да дадат советодавна помош, одреден период ќе престојуваа на северот на Сирија.

На едно прашање во врска со тоа дека ЈПГ користеле тешко оружје од американско производство, Тонер рече дека за жал на бојното поле се користи голем број оружје и воена опрема кои се запленети. За тоа од каде доаѓаат, кои се изворите не можеме да кажеме ништо конкретно. Нема ништо конкретно во врска со тоа.

Вашингтон претходно имаше донесено одлука за стационирање на силите за специјални операции на северот на Ирак со цел да пружат силите  советодавна и помош на силите кои војуваат против ДЕАШ.

Американскиот претседател Барак Обама по тој повод во април ја одобри одлуката со која беа испратени уште 250 војници во Сирија и рече дека бројот на американските војници на силите за специјални операции ќе се зголеми на 300.



Слични вести