Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија го достигна предвидениот број на делегати

Трамп со делегатите кои ќе ги освои во државите во кои сеуште не се одржаа прелиминарни избори, се очекува да ја зајакне позицијата

Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија го достигна предвидениот број на делегати

Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД го достигна предвидениот број на делегати за номинирање за кандидат за претседател на партијата.

Според пребројувањето на бројот на делегатите што го изврши американската новинска агенција Асошиетед прес, бројот на делегатите кој ќе го поддржуваат Трамп на прелиминарните избори на конгресот на Републиканската партија во јули изнесува 1238. Потребниот број на делегати за кандидирање изнесува 1237 делегати.

Трамп претседателската трка ја започна со 16 ривали и со повлекувањето на останатите кандидати, Трамп со делегатите кои ќе ги освои во државите во кои сеуште не се одржаа прелиминарни избори, се очекува да ја зајакне позицијата.

По одржувањето на прелиминарните избори во 6 американски држави на 7 јуни, Републиканската партија ќе го заокружи процесот на прелиминарни избори.

На претстојните претседателски избори во САД на 8 ноември се очекува Доналд Трамп да биде единствениот кандидат на Републиканската партија, додека кандидатот на Демократската партија ќе биде определен по последните дуели меѓу Хилари Клинтон и Берни Сандерс.

Засега Клинон води пред Сандерс.

На конгресот на Демократската партија планиран за јули, кандидатот на партијата за претседател на САД ќе треба да има поддршка на најмалку 2383 делегати.

Хилари Клинтон досега ја доби поддршката на 2 305, додека Сандерс 1 539.

Демократската партија до 14 јуни треба да одржи прелиминарни избори уште во пет држави и 3 области од кои 930 делегати ќе се распределат меѓу кандидатите Клинтон и Сандерс.



Слични вести