Единиците на ирачката армија повторно воспоставија контрола над 19 подрачја

Армијата составена од силите за борба против тероризмот, полицијата, Хашду Шаби и племенските заедници, изврши операции во различни подрачја со цел да го ослободат Фалуџа од контролата на ДЕАШ

Единиците на ирачката армија повторно воспоставија контрола над 19 подрачја

Во рамките на тридневните операции за спасување на Фалуџа кај Енбар од терористичката организација ДЕАШ, единиците на ирачката армија повторно воспоставија контрола над 19 подрачја.

Според информацијата на ирачката државна телевизија која ја засноваше на изјавите на министрите за внатрешни работи и одбрана, армијата составена од силите за борба против тероризмот, полицијата, Хашду Шаби и племенските заедници, изврши операции во различни подрачја со цел да го ослободат Фалуџа од контролата на ДЕАШ.

Во веста се истакнува дека во рамките на операциите повторно беше воспоставена контрола над подрачјата Ес Себејхат, Ел Лифије, Махазин Ел Кераме, Ел Буде Џемиле, Ел Бухадид, Ен Насир, како и фабриките за производство на цемент, шеќер, маслинки и шампон западно од Фалуџа и Ел Керме.

Единиците на ирачката армија воспоставија контрола и над Собранието на општината Керме, Најид Улја, Ел Лухејб, Ес Сахва, Ел Буајид, Ел Хараријет источно од Фалуџа и Ес Сеџер и Ел Бушџел северно од Фалуџа.



Слични вести