Околу 60 илјади демонстранти во Брисел излегоа на улиците

Револтираните демонстранти ги урнаа бариерите на полицијата, ги скршија уличните табели и фрлаа огномет и камења врз полицајците

Околу 60 илјади демонстранти во Брисел излегоа на улиците
belçika, brüksel protesto.jpg

Околу 60 илјади демонстранти во Брисел излегоа на улиците и одржаа демонстрации против реформите во законот за работни односи на белгиската влада.

Демонстрациите кои започнаа мирно продолжија со насилство.

Меѓу полицајците и демонстрантите дојде до судири.

Револтираните демонстранти ги урнаа бариерите на полицијата, ги скршија уличните табели и фрлаа огномет и камења врз полицајците.

Полицијата возврати со водени топови.

Но револтираната толпа не се откажа.

Некои од нив се спротивставија на водените топови.

Во судирите беа повредени голем број лица.

Безбедносните сили некои од демонстрантите кои ги уапсија ги влечкаа по земја.

Демонстрантите се противат на реформите на владата за зголемување ан неделниот број на работни часови на вработените на 45 часови.



Слични вести