На патот за надежта во Средоземното море загинаа 370 лица

Меѓународната организација за миграција соопшти дека бројот на загнатите во споредба со истиот период лани се намали за 25 отсто

На патот за надежта во Средоземното море загинаа 370 лица

Билансот на загинатите беше објавен од страна на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Според податоците кои беа објавени од страна на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годинава до денес во Средоземното море се удавија околу 1 370 лица кои се обидуваа да пребегнат во Европа.

Организацијата соопшти дека бројот на загнатите во споредба со истиот период лани се намали за 25 отсто.

Организацијата за миграција соопшти дека голема улога во намалувањето на бројот на загинатите има фактот дека се намали бројот на бегалците кои на пат тргнуваат од Турција.

Во мај се удавија 13 бегалци, додека оваа бројка в истиот период лани изнесуваше 95 лица. Бројот на бегалците кои во 2014 година се удавија во Средоземното море изнесуваше 330 лица.

Од друга страна пак, организацијата соопшти дека беа спасени околу 2600 бегалци кои во понеделник на пат тргнаа од Северна Африка и преку Средоземното море сакаа да пристигнат во Европа.



Слични вести