На Фахрије Ердал, сторителот на атентатот на Оздемир Сабанџи ќе и се суди во Белгија

Адвокатот на семејството Сабанџи во интервјуто за ТРТ рече дека водевме долга правна борба

На Фахрије Ердал, сторителот на атентатот на Оздемир Сабанџи ќе и се суди во Белгија

Под светлината на последните промени во законите за борба против тероризмот и кривичниот закон, Судот на Бриж донесе пресуда според која на Ердал ќе и се суди за кривичните дела во Турција.

Адвокатот на семејството Сабанџи во интервјуто за ТРТ рече дека водевме долга правна борба. Конечно извојувавме победа.

Ердал во рок од 15 дена има право на приговор до судот во случај на евентуална техничка грешка.

На крајот на овој рок, ќе се определи судот и датумот за првото рочиште.

Атентатот на Оздемир Сабанџи беше извршен во 1996 година од страна на Фајрије Ердал, припадничка на терористичката организација ДХКП-Џ, која веднаш по убиството побегна во Белгија. Додкеа се наоѓаше под контрола на полицијата, Ердал од март 2006 наваму ја изгуби секоја трага.

Судењето на Ердал се очекува да биде извршено од страна на Судот за тешки кривични дела во нејзино отсуство.



Слични вести