Бројот на загинатите во 7 посебни самоубиствени напади на ДАЕШ се зголеми на 148 жртви

Нападите беа осудени од страна на генералниот секретар на ОН, Франција и САД

Бројот на загинатите во 7 посебни самоубиствени напади на ДАЕШ се зголеми на 148 жртви

Бројот на загинатите во 7 посебни самоубиствени напади на терористичката организација ДАЕШ во градовите Џебла и Тартус кои се наоѓаат под контрола на режимот на Асад се зголеми на 148 жртви.

Во нападите во Џебла загинаа 100, а во Тартус 48 лица, а вкупно беа повредени 200 лица.

Извори на опозицијата истакнуваат дека во последните напади на ДАЕШ чија цел беа Нусајритите беа употребени 2 возила натоварени со експлозив кои беа употребени од страна на 5 самоубиствени напаѓачи.

Нападите беа осудени од страна на генералниот секретар на ОН, Франција и САД.

Американскиот државен секретар Џон Кери одржа телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Кери од лавров побара да го разубеди Асад да ја напушти власта и дека тоа е има голем придонес во борбата против ДАЕШ.

Вашингтон на телефонскиот разговор не ја потврди информацијата дека добиле предлог од Москва за преземање заедничка воздушна операција против ДАЕШ.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер во писменото соопштение истакна дека САД остро ги осудува нападите на градовите Тарус и Џебла кои се наоѓаат на западната страна на Сирија и под контрола на режимот.

Во соопштението, портпаролот Тонер  упати повик за окончување на насилствата на режимот на Асад и додаде:

Овие напади се косат со договорот за окончување на судирите. Државниот секретар Кери утринава одржа телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров и разменија мислења во врска со прашањето. Кери од лавров побара да изврши притисок врз Асад за окончување на нападите врз невиното население во Дамаск и Алепо.

Портпаролот Тонер рече дека меѓу Русија и САД не постои договор за преземање заедничка воздушна операција и дека не размислуваат за една ваква операција.

Министерство за надворешни работи на Русија соопшти дека предлогот за преземање заедничка операција против ДЕАШ бил изнесен на средбата меѓу Кери и Лавров.



Слични вести