Ирачките сили започнаа операција за спасување на Фелуџа од ДЕАШ

Во операцијата за заземање на Фелуџа учествуваат единици на ирачката армија, полициски сили, сили на шиитската милиција и сили на сунитските племиња

Ирачките сили започнаа операција за спасување на Фелуџа од ДЕАШ

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади истакна дека е започната операција за враќање назад на градот Фелуџа во провинцијата Анбар од рацете на терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи „ДЕАШ нема друго решение освен да избега“, Ибади напомена дека биле отворени безбедни патишта за излегување на цивилите од Фелуџа.

Во операцијата за заземање на Фелуџа учествуваат единици на ирачката армија, полициски сили, сили на шиитската милиција и сили на сунитските племиња.

Фелуџа и Мусул се два последни големи града кои што терористичката организација ДЕАШ ги држи во свои раце во Ирак.

Фелуџа од 2014 година се наоѓа под контрола на ДЕАШ.

Ирачката армија во изминатите месеци го спаси градот Рамади од рацете на терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести