Новиот претседател на Австрија ќе биде познат по пребројување на гласовите по пошта

Според првичните нецелосни резултати екстремниот десничар Хофер освои 51,9-отсто, а неговиот противник Белен 48-отсто од гласовите на австриските бирачи, но победникот ќе биде познат по пребројувањето на гласовите по пошта

495788
Новиот претседател на Австрија ќе биде познат по пребројување на гласовите по пошта

Вчера во Австрија се одржа вториот и последен круг од претседателските избор.

Според првичните нецелосни резултати кандидатот на екстремната десница Норберт Хофер освои 51,9-отсто, а неговиот противник Александер ван дер Белен 48-отсто од гласовите на австриските бирачи.

Победникот ќе биде познат по пребројувањето на гласовите по пошта.

Во вториот круг од претседателските избори по пат на пошта гласале приближно 700 илјади австриски гласачи.

Првиот круг од изборите за нов претседател на Австрија се одржа на 24 април.

Доколку изборите ги добие кандидатот на екстремно десничарската Слободарска партија Норберт Хофер за прв пат од Втората Светска војна досега на претседателската фотелја во Австрија ќе седне еден екстремен десничар.



Слични вести