Американски воздушен напад врз талибанскиот лидер Мансур

Пентагон соопшти дека во областа на авганистанско-пакистанската граница била реализирана воздушна операција против талибанскиот лидер Мансур

495246
Американски воздушен напад врз талибанскиот лидер Мансур

Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека во областа на авганистанско-пакистанската граница била реализирана воздушна операција против талибанскиот лидер Мола Ахтар Мухамед Мансур.

Портпаролот на Пентагон Питер Кук во објавеното писмено соопштение истакна дека талибанскиот лидер одигрува улога во планирањето на голем број напади во Авганистан, а пред се во главниот град Кабул и дека претставува закана за авганистанскиот народ, безбедносните сили и меѓународната коалиција.

Во соопштението се вели следното: „Мансур им забрани на талибанските лидери да учествуваат во мировните преговори со авганистанската влада кои ќе овозможат да се стави крај на судирите и го попречува мирот и компромисот помеѓу авганистанста влада и Талибан.“ 

Во соопштението се истакнува дека Мансур кој по смртта на поранешниот лидер Мола Омер го презеде лидерството во Талибан е одговорен за смртта на десетици илјади авганистански цивили и безбедносни сили.

Во истото соопштение не беше споделена веста околу тоа дали Мола Мансур е убиен за време на воздушниот напад и беше напоменато дека продолжува да се прави проценка на резултатите од нападот.



Слични вести