Воените единици на режимот во Сирија продолжуваат со интензивно бомбардирање на Туркмендаги

Продолжуваат судирите меѓу силите на опозицијата и режимот околу ридот Ал Хидаде

495119
Воените единици на режимот во Сирија продолжуваат со интензивно бомбардирање на Туркмендаги

Воените единици на режимот во Сирија продолжуваат со интензивно бомбардирање и исфралње ракети на руралното подрачје на Туркмендаги кај крајбрежниот град Латакија и Џебел ал Акрад.

Силите на режимот на Асад 3 дена како ги бомбардираат туркменските села кои се под контрола на опозицијата.

Додека во селата Келез и караман повремено се забележуваат судири, силите на режимот на Асад го бомбардираат и селото Јамади кое се наоѓа на нулта позиција на границата.

Од друга страна пак, 3 повредени во нападите на силите на режимот кои од страна на блиските роднини беа донесени на граничниот премин Јајладаги, со амбулантни возила беа префрлени во болниците во Хатај, додека лцието чија хоспитализација траеше во една болница, за жал подлегна на повредите.

Силите на режимот од раните утрински часови започнаа операција на Џебел Акрад која беше подржана и од воздух и продолжуваат судирите меѓу силите на опозицијата и режимот околу ридот Ал Хидаде кој е цел на нападот.

Во меѓувреме, сириски воен хеликоптер изврши напад со барел бомби на Анадан кај Алепо и Хан Асел.

Во нападот загинаа 7 лица меѓу кои жени и деца, а 32 лица беа повредени.

Повредените од кои повеќето беа деца беа префрлени на хоспитализација во полските болници во околината.

Во нападите беа оштетени голем број населени места.

Силите на режимот, најпрвин извршија напад со ракетите Скуд врз подрачјата во околината на Алепо чија контрола четири години се наоѓа во рацете на опозицијата, а потоа извршија напади со вакум и касетни бомби.

ВО последно време, борбените авиони на сириската армија врши напади со вакум и касетни бомби на градот и околината.

Во нападите пропадна инфраструктурата на градот, а патиштата се неупотребливи.



Слични вести