Недостиг на гориво во некои бензински пумпи во Западна Франција

Губерниите на некои градови во западна Франција усвоија одлука за ограничена продажба на количината на горивото за да не дојде до евентуална криза

495028
Недостиг на гориво во некои бензински пумпи во Западна Франција

Додека продолжуваат реакциите во Франција против новиот закон за работни односи, како последица на акциите за затворање на патиштата пред некои рафинерии во западниот дел на земјата, дојде до недостиг на гориво во некои бензински пумпи.

По усвојувањето на одлуката за прекин на работата и одржување 72 часовен штрајк од страна на вработените во нафтената компанија ТОТАЛ во една рафинерија во подрачјето Нормандија на северозападната страна на земјата, се очекува да дојде до зголемување на неповолното влијание на недостигот на гориво.

Губерниите на некои градови во западна Франција усвоија одлука за ограничена продажба на количината на горивото за да не дојде до евентуална криза.

Согласно одлуката усвоена од страна на губерниите, се забранува продажба на гориво со канти во бензинските пумпи.

Како последица на затворањето на патиштата за рафинеријата во западниот предел на земјата, завршија резервите на гориво во една од петте бензински пумпи.

Со новиот нацрт закон за работни односи во Франција кој е причина за интензивни протести ширум целата земја, се предвидува работно време од 10 да се зголеми на 12 часа, а како резултат на измените во до договорите за работа, работодавците кои сакаат да извршат измени во договорот за работа, да можат да ги исфрлат работниците или вработените, да се намали бројот на работните часови на парт-тајм вработените, да се врши помала исплата за прекувремена работа.

Со нацрт законот се предвидува да се даде право на работодавците за зголемување на работното време на вработените и намалување на платите.

За озаконување на нацрт законот кој беше усвоен во Собранието, треба да се изгласа и во Сенатот.



Слични вести