На 23 мај во Истанбул Ангела Меркел ќе биде примена од страна на претседателот Ердоган

Главна тема на разговорите ќе бидат прашањата во врска со мигрантите,

494999
На 23 мај во Истанбул Ангела Меркел ќе биде примена од страна на претседателот Ердоган

На 23 мај во Истанбул германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде примена од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Портпаролот на германската влада Стефан Сајберт на прес конференцијата во Сојузниот прес центар рече дека на 22 мај недела, германската канцеларка Ангела Меркел по повод учеството на Светскиот хуманитарен самит ќе отпатува во Истанбул и во рамките на самитот ќе одржи билатерална средба со претседателот Ердоган.

Главна тема на разговорите ќе бидат прашањата во врска со мигрантите, рече Сајберт и додаде дека Меркел ќе се состане и со претставниците на некои Невладини организации.

На прашањето: Дали во рамките на посетата на Турција, ќе се состане со кандидатот на АК партијата за претседател на партијата, Сајберт одговори дека засега не се планира една ваква средба.

На прашањето во врска со тоа: како Германија го прифати усвојувањето на предлогот за укинување на пратеничките имунитети од страна на Големото национално собрание на Турција,?, - портпаролот Сајберт одговори:

За стабилноста на секоја демократија, има потреба од застапување и претставување на сите групи во општеството во парламентите. Сите овие прашања најверојатно ќе бидат изнесени од страна на премиерот и претседателот на Турција во говорите на Меѓународниот хуманитарен самит.

На прашањето: Дали одлуката на Големото национално собрание на Турција ќе предизвика опасност за процесот за пристапувањето на Турција во ЕУ, Сајберт одговори дека преговорите меѓу Турција и ЕУ подолг период продолжуваат неизвесно и канцеларката Меркел секогаш ќе се придржува на постоечкните договори. Земјите членки на ЕУ своите позиции ќе ги определат зависно од развојот на случувањата во Турција, рече Сајберт.



Слични вести