Во воздушниот напад со вакум бомби на Хула кај Алепо загинаа 11 лица

Во подрачјето Хула нема електрична струја и вода

494372
Во воздушниот напад со вакум бомби на Хула кај Алепо загинаа 11 лица

Во воздушниот напад со вакум бомби на воениот авион на сириската армија на Хула кај Алепо кое подрачје се наоѓа под контрола на силите на опозицијата, загинаа 11 лица од кои 4 беа деца.

Во нападот во кој беа повредени десетици лица, беше предизвикана голема материјална штета.

Повредените беа префрлени на лекување во полските болници во подрачјето.

Во вчерашниот воздушен напад на Растан кај Хомс загинаа 7 цивили од кои 3 беа деца, а 20 лица беа повредени.

Во подрачјето Хула кое подолг период е изложено на копнените и воздушни напади на силите на режимот нема електрична струја и вода.

Како последица на интензивното бомбардирање пропадна инфраструктурата на подрачјето.

Граѓанската војна во Сирија која трае над 5 години е причина за смртта на над 270 илјади цивили.



Слични вести