Во борбата против мигранстака криза во Егејското море ќе учествува и американски брод

На конференцијата на НАТО во Брисел беа разгледани одразот на стабилноста надвор од границите на земјите членки на НАТО, програмата за воена обука на ирачките војници, придонесот во борбата против ДЕАШ, евентуалната воена поддршка во Авганистан и Либија

494592
Во борбата против мигранстака криза во Егејското море ќе учествува и американски брод

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека во рамките на борбата против мигранстака криза во Егејското море ќе учествува и еден американски брод.

На прес конференцијата во седиштето на НАТО во Брисел, по состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, Столтенберг се осврна на прашањата кои беа разгледани на состанокот.

Првиот ден на состанокот помина доста продуктивно и беа разгледани прашањата како што се одразот на стабилноста надвор од границите на земјите членки на НАТО, програмата за воена обука на ирачките војници, придонесот во борбата против ДЕАШ, евентуалната воена поддршка во Авганистан и Либија.

Во врска со воената обука на ирачките војници во Јордан, Столтенберг рече дека ќе сипратат екипа во Ирак за утврдување на можностите за обука на ирачките војници во нивната земја.

Во врска со Либија не беше усвоена никаква одлука, рече Столтенберг и додаде дека во случај Либија достави барање, може д асе обезбеди воена обука во воените установи кои ќе се формираат во земјата. НАТО нема да учествува во операција на Либија, рече Столтенберг.

Можностите и капацитетот што ги нуди НАТО придава значење на операциите, рече Столтенберг и потенцираше дека во Егејот формираа разлика. Во голема мера се намалува бројот на бегалците. НАТО, ги сплотува Грција, Турција и Фронтекс на Егејот. На адмиралскиот брод на НАТО Се наоѓаат турски и грчки офицери за врска.

САД денес е спремен да пружи на услуга еден брод за задачата на Егејот. САД ќе даде придонес со еден брод на нашите активности, рече Столтенберг.

Исто така продолжуваат преговорите на НАТО со ЕУ за заедничка задача на Медитеранот, но сеуште не се определени точно позициите, рече Столтенберг.

Во рамките на коалицијата борбата против ДЕАШ, сите сојузнички земји дадоа придонес, а исто така се разгледуваат можностите за тоа како НАТО може да даде поголема поддршка на коалицијата, како може да се искористат капацитетите на авионите од типот AWACS во рамките на воздушниот простор на НАТО и меѓународниот воздушен простор, рече Столтенберг.



Слични вести