Во Франција продолжуваат протестите против нацрт-законот за работни односи

Илјадници лица на чело со главниот град Париз и во други градови на земјата како Марсеј, Тулуз, Лион, Рен и Бордо повторно излегоа на улиците да протестираат против новиот нацрт-закон за работници односи на Владата

493299
Во Франција продолжуваат протестите против нацрт-законот за работни односи

Народот во Франција продолжува со протестите против нацрт-законот за работни односи.

Илјадници лица на чело со главниот град Париз и во други градови на земјата како Марсеј, Тулуз, Лион, Рен и Бордо повторно излегоа на улиците да протестираат против новиот нацрт-закон за работници односи на Владата.

Повремено дојде и до судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

На демонстрантите кои фрлаа предмети и камења полицијата одговори со солзавец.

На протестите во различни делови на Франција беа притворени приближно 100 демонстранти. 

Подготвениот нацрт-закон за работнио односи со цел да се намали невработеноста и да се обезбеди еластичност на пазарот за вработување во Франција од страна на синдикатите се оценува како одземање на стекнатите права.

Според нацрт-законот работното време кое максимално може да трае до 10 часа ќе се зголеми на 12 часа, вработените кои ќе посакаат да се направи измена во договорот за работа ќе можат да бидат отпуштени од работа, ќе се намали минималното неделно работно време од 24 часа за оние кои работат по скратено работно време, а при прекувремено работење ќе се плаќа помалку.

Демонстрантите бараа од Владата целосно да го повлече нацрт-законот за работни односи. 



Слични вести