Од 1 јуни повторно ќе се доставува хуманитарна помош во областите под блокада во Сирија

Од иницијативите на Меѓународната група за поддршка на Сирија која се состана во Виена произлезе одлука од 1 јуни повторно да бидат започнати активностите за доставување хуманитарна помош во областите кои што се наоѓаат под блокада

492976
Од 1 јуни повторно ќе се доставува хуманитарна помош во областите под блокада во Сирија

Додека продолжуваат меѓународните иницијативи за повторно воспоставување на прекинот на огнот од Сирија пристигна веста за смртта на 52 лица.

Двајца од загинатите во вооружените судири помеѓу опозиционерите групи во Источна Гута во близина на главниот град Дамаск се цивили.

Од иницијативите на Меѓународната група за поддршка на Сирија пак која се состана во Виена произлезе одлука од 1 јуни повторно да бидат започнати активностите за доставување хуманитарна помош во областите кои што се наоѓаат под блокада.

По состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија што се одржа во австрискиот главен град Виена  беше објавено заедничко соопштение  за повторно воспоставување на прекинот на огнот во Сирија и за доставување хуманитарна помош во областите под блокада и забрзување на процесот на политичка транзиција во оваа земја. 

Заедничкото соопштение беше прочитано од страна на американскиот државен секретар Џон Кери кој истакна дека од 1 јуни ќе почне повторно да се доставува хуманитарна помош во областите во Сирија кои се наоѓаат под блокада.

Нагласувајќи дека доколку се спречи доставувањето на помошта од копно во наведените области ќе се доставува помош од воздух, Кери истакна дека врз оние кои ќе се обидат да ги спречат овие активности ќе се изврши меѓународен притисок.

Џон Кери истакна дека дипломатите на состанокот упатија повик до сите завојувани страни во Сирија да се држат далеку од терористичките организации како што се ДЕАШ и огранокот на Ал Каеда во Сирија, Ал Нусра.

Велејќи  дека се има за цел режимот на прекин на судирите да се преобрази во прекин на огнот, американскиот државен секретар Џон Кери додаде дека е дадено ветување дека ќе се стори се што е можно по прашањето на придржување на страните кон оваа цел. 

САД и Русија постигнаа согласност за формирање на механизам за утврдување на страните кои го прекршуваат прекинот на огнот во Сирија, а разговорите по прашањето на иднината на Асад ќе продолжат.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак истакна дека Асад не ги изоставува од вид препораките на Русија.

Лавров рече: „Асад многу добро ги знае своите обврски кои што произлегуваат од резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и ја зема во предвид истата. Асад на состанокот на претседателот Путин вети дека ќе ги исполни и овие свои обврски.“  

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер нагласи дека Асад веќе треба да се повлече и дека не е можно со Асад да се воспостави здрава иднина во Сирија.

На состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија во Виена  што се одржа под копретседателство на американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров учествуваа 24 претставници од 20 земји и 4 меѓународни организации.

Турција на состанокот ја претставуваше министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во меѓувреме спрецијалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура истакна дека засега не е одлучено кога ќе се одржи новата рунда од мировните разговори за Сирија, но додаде дека за тоа не може да се чека подолго време.



Слични вести