Казахстан планира од 2017 година да овозможи безвизно патување за земјите на ОЕЦД

По повод формирањето на меѓународниот финансиски центар во Астана, Казахстан планира од 1 јануари 2017 година освен со земјите на ОЕЦД да бидат укинати визите и за Малезија, Монако, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур

493372
Казахстан планира од 2017 година да овозможи безвизно патување за земјите на ОЕЦД

Казахстанскиот министер за надворешни работи Ерлан Идрисов истакна дека неговата земја планира почнувајќи од 2017 година да овозможи безвизно патување за земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Идрисов во говорот што го одржа на деловната вечера приредена за Асоцијацијата на европските бизнисмени кои делуваат во Казахстан подвлече дека неговата земја им придава приоритет на прашања како што се подобрување на климата на инвестирање, привлекување на инвеститори, зголемување на трговскиот потенцијал и влезот на нови пазари, а како што напомена за развој на економијата на Казахстан.

Идрисов рече: „По повод формирањето на меѓународниот финансиски центар во Астана планираме почнувајќи од 1 јануари 2017 година освен со земјите на ОЕЦД да ги укинеме визите и за Малезија, Монако, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур. 

Казахстанската Влада со одлуката што ја донесе во јуни минатата година овозможи визно олеснување во текот на 15 дена за вкупно 19 земји меѓу кои се наоѓаа и Австралија, Малезија, Јапонија и САД.



Слични вести