Во ракетниот напад на силите на режимот на Асад на Бадама кај Идлиб загинаа 12 лица

Во ракетните напади на населбата Сукери во Алепо загинаа 8 цивили

492411
Во ракетниот напад на силите на режимот на Асад на Бадама кај Идлиб загинаа 12 лица

Во ракетниот напад на силите на режимот на Асад на Бадама кај Идлиб загинаа 12, а 5 лица беа повредени.

Претставникот за цивилна заштита на Бадама Мухамед Хубер во изјавата за Анадолската агенција рече дека повредените во нападот на силите на Асад беа префрлени во полските болници во  подрачјето.

Во ракетните напади на населбата Сукери во Алепо загинаа 8 цивили, меѓу кои жени и деца, а 15 лица беа повредени.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување на загинатите и повредените во урнатините.

Силите на режимот често од копно и воздух ги бомбардираат позициите на силите на опозицијата во населбата Сукери која се наоѓа под контрола на опозицијата. Во населбата нема електрична струја и вода, додека како последица на нападите сериозно е оштетена инфраструктурата на населбата, а исто така голем број патишта се во неупотреблива состојба.

Од друга страна пак Коалицијата на сириската опозиција соопшти дека за претседател на привремената сириска влада го избра Џевад Ебу Хатаб.

Во соопштението објавено преку профилот на Твитер на силите на сириската опозиција беше истакнато дека со гласовите на 54 членови од 98 члениот Генерален совет на коалиционите сили на опозицијата го избрале претседателот на привремената влада.

Претседателот на Силите на сириската опозиција  Енес ал Абде во пораката преку профилот на Твитер рече дека на вонредниот состанок усвоиле одлука со која Џевад Ебу Хатаб го назначиле за премиер на владата во ослободените зони.

Абде му посака успех на Џевад Ебу Хатаб во оваа тешка задача.



Слични вести