Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи 60 дневна вонредна состојба во земјата

Одлуката на претседателот Мадуро се совпадна со периодот кога поради присутната економска криза и недоволноста на јавните услуги се одржуваат антивладини протести во оваа јужноамериканска држава

492323
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи 60 дневна вонредна состојба во земјата

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата во траење од 2 месеци (60 дена).

Претседателот Мадуро оваа своја одлука ја образложи со можната закана од странска интервенција од страна на САД или Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК.

Оваа одлука која се совпадна со периодот кога поради присутната економска криза и недоволноста на јавните услуги се одржуваат антивладини протести во земјата, го зголеми гневот на улиците.

По донесената одлука за вонредна состојба претседателот Николас Мадуро ќе презеде во своја рака голем број надлежности во однос на безбедносните политики, локалните самоуправи и извршната власт во земјата.

Во Венецуела беше прогласена вонредна состојба и во јануари на што пак се спротивставија опозиционите лидери во оваа јужноамериканска држава.



Слични вести