Две недели како продолжува пожарот во градот Форт МакМери во покраината Алберта во Канада

Поради пожарот кој што никако не може да се изгасне беа евакуирани приближно 600 работници кои работат во катранските нафтени лежишта од кои што се вади нафта

492742
Две недели како продолжува пожарот во градот Форт МакМери во покраината Алберта во Канада

Продолжува пожарот кој што започна пред две недели во градот Форт МакМери во покраината Алберта во Канада.

Поради пожарот кој што никако не може да се изгасне беа евакуирани приближно 600 работници кои работат во катранските нафтени лежишта од кои што се вади нафта.

До приближно 4 илјади работници пак е испратено предупредување да се подготват за евакуирање.

Надлежни истакнаа дека во понеделникот (вчера) под влијание и на ветрот пламените јазици се ширеле со брзина од 30 до 40 метри на час.

Поради пожарот кој што се појави пред две недели и го зафати поголемиот дел на градот од областа беа евакуирани 80 илјади лица. 2.400 куќи во областа се доведени во неупотреблива состојба.

Претходно надлежни изјавија дека се планира жителите на градот Форт МакМери чии куќи не биле оштетени во пожарот за две недели да се вратат во своите домови.

Како што се истакнува пожарот зафатил површина од приближно 285 илјади хектари односно во големина на францускиот главен град Париз и дека целосното гаснење на пожарот може да одземе неколку недели.



Слични вести