Азербејџан и Ерменија во јуни започнуваат нов круг на преговори

Претседателите исто така постигнаа согласност за што поскоро окончување на процесот за формирање на механизмот за истражување на ОБСЕ

492426
Азербејџан и Ерменија во јуни започнуваат нов круг на преговори

Азербејџан и Ерменија во јуни започнуваат нов круг на преговори за изнаоѓање трајно решение на кризата во врска со Нагорно Карабах.

Во рамките на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) посветен на прашањето Нагорно Карабах, претседателите на двете земји се состанаа во Виена.

На состанокот учествуваа азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ерменскиот претседател Серж Саркисјан, копретседателите на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, американскиот државен секретар Џон Кери и францускиот министер за односи со Европа Харлем Десир.

Претседателите Алијев и Саркисјан постигнаа согласност идниот месец да започнат со нови преговори за изнаоѓање трајно решение на прашањето.

Претседателите исто така постигнаа согласност за што поскоро окончување на процесот за формирање на механизмот за истражување на ОБСЕ со цел да се намали ризикот од зголемување на судирите.

На разговорите беше усвоена одлука за проширување на канцеларијата на специјалниот претставник на ОБСЕ како и споделување на информациите и податоците околу исчезнатите лица под покровителство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Војната во Нагорно Карабах која беше доживеана во периодот од 1988 до 1994 година заврши со ерменската окупација на околу 20 отсто од азербејџанските територии.

По војната, околу 200 илјади од Ерменија, на 1 милион азербејџански Турци беа принудени да мигрираат во денешен Азербејџан.

По прогласувањето на примирјето во Нагорно Карабах од 5 мај 1994 година наваму, решение на спорот се бара во рамките на Групата Минск формирана под покровителство на ОБСЕ.

Примирјето меѓу азербејџанските и ерменските сили беше прекинато по судирите кои започнаа минатиот месец.



Слични вести