Во напад на беспилотно летало на НАТО во Авганистан убиени 20 талибански милитанти

Во реализиран напад на беспилотно летало на НАТО во провинцијата Кундуз во Авганистан беа убиени 20 милитанти на Талибан

492128
Во напад на беспилотно летало на НАТО во Авганистан убиени 20 талибански милитанти

Во реализиран напад со беспилотно летало од страна на силите на НАТО во провинцијата Кундуз во северниот дел на Авганистан беа убиени 20 талибански милитанти.

Шефот на полицијата во Кундуз генерал Мухаммед касим Џенгелбаг истакна дека во напад на беспилотно летало на НАТО во областа Мулакули во населеното место Дашти Арчи во северната провинција Кундуз биле убиени 20 милитанти на Талибан.

Џенгелбаг рече дека меѓу убиените имало и значајни команданти на организацијата.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение додека пред приближно една недела беше соопштено дека и во реализираниот воздушен напад на населеното место Џардере во провинцијата Кундуз биле убиени 12 членови на Талибан.



Слични вести