Во бомбашки напад на фабрика за природен гас во Багдад загинаа 18 лица

Во бомбашки напад на напад на една фабрика за природен гас во ирачкиот главен град Багдад загинаа 18 лица меѓу кои има и полицајци, а 32 лица беа повредени

491332
Во бомбашки напад на фабрика за природен гас во Багдад загинаа 18 лица

Во реализиран бомбашки напад на една фабрика за природен гас на приближно 20 километри северно од ирачкиот главен град Багдад загинаа 18 лица меѓу кои има и полицајци, а 32 лица беа повредени.  

Нападот беше извршен врз безбедносните сили на влезот на фабриката со возило-бомба и со друго второ возило во кое се наоѓаа 6 мина бомбаши-самоубијци. 

По експлозијата на возилото-бомба беа запалени и три резервоари за природен гас.

По настанот на местото на нападот беа испратени полициски сили и возила.

Вооружената престрелка до која дојде помеѓу напаѓачите и полициските сили траеше приближно еден час.

Од друга страна во експлозија на возило натоварено со експлозив во моментот на поминување на воен конвој на ирачката армија на југот на Багдад загинаа 4 лица меѓу кои има и војници, а 9 лица беа повредени.

Терористичката организација ДЕАШ која ги држи под контрола северните и некои области во западните делови на Ирак во нападите кои што ги реализира во текот на последната една недела беше причина за смртта на приближно 100 лица.

Во меѓувреме продолжува и борбата на ирачките безбедносни сили против терористичката ДЕАШ.

Ирачката федерална полиција истакна дека од почетокот на 2015 година досега биле убиени 3.436 терористи припадници на ДЕАШ.

Освен тоа од минатата година досега од рацете на терористичката организација ДЕАШ биле заземени 318 села и градови во северниот и западниот дел на Ирак.



Слични вести