„Спречувањето на влезот на муслиманите во земјата претставува предавство на нашите вредности“

Американскиот претседател Барак Обама го критикуваше претендентот за кандидат за претседател од Републиканската партија Доналд Трамп со зборовите „Спречувањето на влезот на муслиманите во земјата претставува предавство на нашите вредности“

491486
„Спречувањето на влезот на муслиманите во земјата претставува предавство на нашите вредности“

Критика од американскиот претседател Барак Обама против претендентот за кандидат за претседател од редовите на Републиканската партија Доналд Трамп.

Претседателот Обама кој говореше на церемонијата на доделување на дипломите на еден универзитет во сојузната држава Њу Џерси на која учествуваа 50 илјади лица уште еднаш покажа реакција против предлогот на Доналд Трамп за воведување забрана за влез на муслиманите во земјата.

Велејќи „Спречувањето на влезот на муслиманите во земјата претставува предавство на нашите вредности“, Барак Обама рече: „Понижувањето или изолирањето на муслиманите и донесувањето на предлог за различен третман кон нив при влегување во земјата не претставува само предавство на нашите вредности и на она кои сме, туку истовремено тоа ќе доведе до отуѓување на значајните заедници во нашата земја и во странство кои се наши најзначајни партнери во борбата против екстремизмот.“  

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека земјите веќе и тоа колку се дојдени во положба на меѓусебна зависност и застана во одбрана на тоа дека исто така и предлогот на Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико нема да ја заживее економијата и нема да ја зголеми безбедноста на земјата.



Слични вести