Индија ја тестираше својата новоразвиена суперсонична пресретнувачка ракета

Индија реализира успешно тестирање на своја новоразвиена суперсонична пресретнувачка ракета против евентуални напади од балистичка ракета

491972
Индија ја тестираше својата новоразвиена суперсонична пресретнувачка ракета

Индија ја тестираше својата новоразвиена суперсонична пресретнувачка ракета.

Како што се истакнува било реализирано успешно тестирањето на суперсоничната пресретнувачка ракета развиена против евентуални напади од балистичка ракета.

Тестираната суперсонична пресретнувачка ракета е развиена од страна на Организацијата за истражување и развој на одбраната и во рамките на Одбранбената програма за балистички ракети на Индија.

При тестирањето како непријателска балистичка ракета беше употребена ракета земја-воздух „Притви“.

Суперсоничната прерсретнувачка ракета следејќи ги сигналите добиени од радарите за следење за четири минути ја уништи балистичката ракета. Пресретнувачката ракета долга 7,5 метри освен со компјутер и електро-механички активатор лета со систем за навигација.

Индија од 2000-дитите години досега во конкуренција со Пакистан постојано ја развива својата одбранбена програма за балистички ракети. 

 



Слични вести