Во самоубиствен напад на воен штаб во источниот дел на Јемен загинаа 25 војници

Самоубиствениот напад бил реализиран пред штабот Ен-Неџде во областа Фух кај градот Мукела во провинцијата Хадрамевт во источниот дел на Јемен каде се наоѓале на обука нови регрути

491325
Во самоубиствен напад на воен штаб во источниот дел на Јемен загинаа 25 војници

Во самоубиствен напад чија цел беше еден воен штаб во градот Ел-Мукела во провинцијата Хадрамевт во источниот дел на Јемен загинаа 25 војници, а 60 војници беа повредени.

Самоубиствениот напад бил реализиран пред штабот Ен-Неџде во областа Фух во градот Мукела каде се наоѓале на обука нови регрути.

Здравствената состојба на некои од повредените војници била тешка.

Во претходно објавеното соопштение се истакнува дека бомбаш-самоубиец ја активирал бомбата на себе и се разнел пред штабот и дека во нападот имало голем број загинати и повредени војници.  



Слични вести