Терористичката ДЕАШ ги нападна режимските сили во Деир ез-Зор: Убиени се најмалку 35 војници

Сириската опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во вооружените судири во градот Деир ез-Зор биле убиени најмалку 35 војници на сирискиот режим

491000
Терористичката ДЕАШ ги нападна режимските сили во Деир ез-Зор: Убиени се најмалку 35 војници

Терористичката организација ДЕАШ ги нападна силите лојални на режимот на Асад во источниот дел на Сирија.

Сириската опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во вооружените судири во градот Деир ез-Зор биле убиени најмалку 35 војници на сирискиот режим.

Опсерваторијата воедно истакна дека болницата која била заземена од страна на терористичката организација ДЕАШ потоа повторно преминала под контрола на силите на режимот.

Во вооружените судири околу болницата биле убиени 24 припадници на терористичката ДЕАШ, а исто така се наведува дека некои од вработените во болницата биле држени во заложништво од страна на ДЕАШ.

Локалните комитети за координација составени од сириски активисти претходно соопштија дела терористичката организација ДЕАШ ги нападнала силите на режимот во источниот дел на земјата и дека терористичката организација зазела голем број згради во градот Деир ез-Зор. 

Градот Деир ез-Зор кој се наоѓа во близина на границата со Ирак е богат со нафта и е поделен помеѓу силите на сирискиот режим и терористичката организација ДЕАШ.

Воената воздушна база пак која се наоѓа во Деир ез-Зор е од критично значење.



Слични вести