Регионален безбедносен самит во Нигерија

Главната точка на дневниот ред на самитот ја претставува борбата против терористичката организација Боко Харам

491145
Регионален безбедносен самит во Нигерија

Регионален безбедносен самит во Нигерија.

Главната точка на дневниот ред на самитот ја претставува борбата против терористичката организација Боко Харам.

На Регионалниот безбедносен самит освен земјите од регионот како што се Бенин, Камерун, Чад и Нигерија на ниво на претседател е претставувана и Франција.

Во тие рамки францускиот претседател Франсоа Оланд се состана со нигерискиот претседател Мухаммед Бухари.

Оланд истакна дека соработката против терористичката организација Боко Харам дава ефикасни резултати, но напомена дека заканата се уште продолжува.

На Регионалниот безбедносен самит во Нигерија се очекува да се донесе одлука и во врска со иднината на воената единица за која се очекуваше да стапи на задача во борбата против Боко Харам минатата година, но потоа оваа нејзина задача беше одложена.

Терористичката организација Боко Харам во Нигерија која брои 160 милиони жители и е најбројна земја во Африка делува од почетокот на 2000-дитите години.

Во масовните убиства реализирани од страна на оваа терористичка организација досега загинаа приближно 17 илјади луѓе, додека приближно 2 милиони Нигеријци се во положба на бегалци во својата земја.



Слични вести