Махмуд Абас: Палестинскиот народ и понатаму жртва на израелската агресија и израелските напади

Палестинскиот претседател Махмуд Абас по повод 68-годишнината од Накба (Големата катастрофа) истакна дека палестинскиот народ и понатаму е жртва на израелската агресија и израелските напади

491288
Махмуд Абас: Палестинскиот народ и понатаму жртва на израелската агресија и израелските напади

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во говорот што го одржа преку државната телевизија по повод 68-годишнината од Накба (Големата катастрофа) истакна дека поради тоа што се затвораат очите пред израелската агресија и израелските напади палестинскиот народ и понатаму станува жртва.

Абас рече: „Палестинскиот народ сеуште е жртва на неправдата на која што е подложен и поради тоа што се затвораат очите пред неговите болки и страдања и израелските напади на кои што е подложен. На секое место на палестинските територии се акумулира се поголема болка.“

Истакнувајќи дека ќе продолжат да се водат напори на меѓународна арена и да му се доставуваат предмети на Меѓународниот кривичен суд по прашањето на Израел, Абас рече: „Меѓународната заедница останува посматрач на тоа што Израел не го признава националното постоење на Палестина, продллжува со изградба на еврејските доселенички населби, продолжува со неговата арогантност и ладнокрвните убиства, продолжува да ги прекршува правата на муслиманите и христијаните во нивните света места и останува посматрач пред извршувањето на најѕверските убиства против мојот народ.“

Осврнувајќи се и на прашањето на компромисот помеѓу Фетих и Хамас, палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека продолжуваат напорите по прашањето на воспоставување на националниот компромис.



Слични вести