Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 3 полицајци

Како последица на нападот дојде до сериозно оштетување на полицискиот центар за обука

490692
Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 3 полицајци

Во самоубиствениот напад со возило натоварено со возило на еден полициски центар за обука во јужниот авганистански град Хелманд загинаа 3 полицајци.

Портпаролот на губернијата Омер Звак во изјавата за печатот рече дека во самоубиствениот напад во месноста Над Али беше повредено едно 12 годишно дете.

Звак рече дека здравствената состојба на некои повредени е тешка.

Како последица на нападот дојде до сериозно оштетување на полицискиот центар за обука.

Забиуллах Муџахид, портпаролот на Талибан која организација ја презеде одговорноста за нападот рече дека во центарот за обука биле убиени десетици полицајци.



Слични вести