Во демонстрациите во Франција беа приведени над илјада лица

Безбедносните сили, полицијата должноста ја извршија со голема разумност и одговорност

490606
Во демонстрациите во Франција беа приведени над илјада лица

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев рече дека бројот на приведените лица од страна на полицијата кои учествуваа во протестите по повод новиот закон за работни односи изнесува над илјада лица.

На прес конференцијата во Сент Етјен, министерот Казенев рече дека како последица на немирите на демонстрациите во последните неколку недели, над илјада лица беа изложени на истрагата на полицијата и дека сите оние кои ја рушеа и опожаруваа околината и се раководеа непријателски кон државата, ќе бидат изнесени пред суд и ќе бидат казнети со најтешки казни.

Францускиот министер ги критикуваше сите оние кои што предизвикаа немири и ги нападнаа безбедносните сили и потенцираше дека полицијата должноста ја изврши со голема разумност и одговорност.

Дискутабилниот нацрт закон покрај големите реакции во четвртокот беше усвоен од страна на Собранието на Франција.

Законот за да стапи на сила треба да се ратификува и од страна на Сенатот.

Нацрт законот за работни односи со кој се предвидуваше намалување на стапката на невработеност и обезбедување флексибилност на пазарот на вработување, од страна на синдикатите беше оценет како обид за повлекување на стекнатите права.

Според нацртот, дневното работно време од 10 ќе се зголеми на 12 часа, сите оние вработени кои ќе сакаат да извршат промени во договорот за работа ќе можат да се избркаат од работа, ќе се намали бројот на работните часови на парт-тајм вработените кој изнесува 24 часа и нема да се врши исплата на надомест за повеќе работа.



Слични вести